Шестмина повредени во сообраќајка на патот Тетово – Јажинце

Од:

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу три возила што се случила синоќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце на влезот од село Теарце.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила околу 19:30 часот помеѓу патничко моторно возило „Форд Фокус“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.С.(29) од село Слатино, Тетовско, патничко моторно возило „Ауди А-3“, исто така, со тетовски регистарски ознаки управувано од А.Р.(32) од село Доброште и патничко моторно возило „Шкода Јети“ управувано од Ф.Н.(33) од село Слатино.

– По незгодата, со возила на Итна медицинска помош во Клиничка болница -Тетово биле пренесени Ф.Н. и сопатниците во возилото „Шкода Јети“ Љ.А.(41) од село Глоѓи, Д.П.(41) од село Слатино, сопатникот во возило “Ауди А-3“ Р.Б.(25) од село Доброште, возачот Б.С. како и сопатникот во истото возило Г.Х.(26), наведуваат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски