Шестмина повредени во сообраќајка на патот Тетово – Јажинце

Од:

Шест лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат Тетово – Јажинце на мостот на Вратничка река, а во која е причинета материјална штета од 100.000 денари. Ова денеска го истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, во несреќата учествувале три возила, „Југо“ со тетовски регистерски таблици управувано од Љ.И.(40) од Рогачево, „Мерцедес“ со косовски таблици што го управувал М.Љ. (40) од Косово и автобус „Ман“ со гостиварски таблици управуван од Б.Х. (58) од Гостивар.

– Во несреќата сопатничката од „Југото“ С.И. (33) од Рогачево се здобила со тешки телесни повреди – фрактура на карлична коска и по укажаната лекарска помош во Тетовската болница итно е пренесена на скопските клиники. Покрај тоа, со телесни повреди се здобиле и двајцата возачи на патничките возила и уште тројца сопатници од „Мерцедесот“. Четворица од повредените се пуштени на домашно лекување додека една сопатничка од „Мерцедесот“ задржана е за натамошна опсервација. По овластување на јавен обвинител извршен е увид и се утврдува причината и се друго поврзано со несреќата, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски