Шестмина повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Од:

МВР извести дека вчера во 11.30 часот во Полициската станица во Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на село Трапчин Дол, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возилo „киа“ управувано од Б.Т.Ф.(74) од Скопје и возило „тојота“ управувано од П.Х.(44) од Република Чешка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Т.Ф. и А.Х.(78) од Република Чешка, сопатничка од возилото „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле возачот П.Х. и тројца негови сопатници, П.С.Х.(44) и двајца малолетници, сите од Република Чешка, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он