Шестгодишно дете се удави во реката Пена

Од:

Денеска во 14 часот преку Е-112 добиена е информација за дете на возраст од 6 години во населба Красниќи во Тетово, кое играјќи покрај брегот на реката Пена позади куќата во којашто живее, паднало во надојдената вода на реката, извести Центарот за управување со кризи.

– Неговата бремена мајка го забележала падот на детето и веднаш влегла во надојдената вода. По 50-тина метри, носена од брзата вода неколку мештани успеале да ја извлечат на брегот од реката, но за жал не и детето. Веднаш по дојавата, Центарот ги алармираше сите субјекти – екипите на Територијалните противпожарни единици, екипите на СВР Тетово, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брза интервенција ЕБР и тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со помош на чамци ја пребараа целата област. За жал и покрај брзата интервенција, телото на детето е извадено од реката во безживотна состојба, соопшти Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар