Шест телохранители и возач за премиерот по завршување на мандатот

Од:

Што ли им беше идејата, што толку ги загрижи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски и Илија Китановски, да седнат и напишат измени на Закон за Влада?

Заклучиле дека не е уредено прашањето кое се однесува на личното обезбедување на претседателот на Владата по престанување на вршењето на функцијата.

Поради ова, за надминување на оваа, како што велат, правна празнина предлагаат премиерот на кој му престанала функцијата има право на лично обезбедување од шест лица вработени во организационата единица за обезбедување на лица и објекти во Министерството за внатрешни работи, како и право на користење на службено возило и возач.

Сите овие лица си ги бира веќе заминатиот премиер.

Претседателот на Владата на Република Македонија на кој му престанала функцијата, правото го остварува во период ист со периодот на времетраењето на извршувањето на функцијата претседател на Владата на Република Македонија и започнува да го остварува од денот по престанување на функцијата, што значи , колку бил премиер, толку ќе има и телохранители и возач.

Останува нејасно како предвиделе пратениците дека за спроведување на овој закон, не се потребни финансиски средства од Буџетот на Република Македонија и не повлекува обврски за други субјекти. Кој ќе ги плаќа? Поранешниот премир лично од свои средства или сепак од средства од Буџетот? Тие лица би можеле да бидат работно ангажирани за други задачи, и не би требало да се вработуваат дополнително нови лица.

И што беше толку итно, законот доставен во јануари, да се стави веднаш по скратена постапка на утрешната пленарна седница, кога опозицијата е избркана и останува уште кратко време за работа поради распишани локални избори.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски