Шест сообраќајки во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Скопје

Од:

Вчера во Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди во кои четири лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Полицијата во текот на вчерашниот ден казнила 12 возачи за брзо возење, а 19 возачи биле исклучени од сообраќај. Тројца од нив управувале возило под дејство на алкохол, 14 возеле без возачка дозвола и двајца бидејќи биле возачи почетници.

Поради техничка неисправност 14 возила се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и 10 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и двајца бидејќи поминале коловоз на црвено светло. Шест возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци и исто толку неправилно престигнувале.

Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози, додека 95 возила се подигнати со “пајак”.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски