Шест сообраќајки, тројца повредени изминатото деноноќие

Од:

Шест сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје, на кои од страна на сообраќајната полиција е извршен увид. Од нив, кај три е птредизвикана материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца пешаци.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 47 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски