Шест пожари во август во Крива Паланка

Од:

Екипите на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, интервенирале на шест пожари во месец август, двојно помалку од август претходната година.

Од нив три се на отворен простор, два на обејкти и било запалено моторно возило, информираат од ТППЕ Крива Паланка.

Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка информира дека пожарникарите интервенирале при гаснење пожар кај месноста Стражин. Изгореле 3 хектари: сува трева, багрем и даб. Бил запалено овоштарник и стрниште кај Долно Варовише, над манастирот Св „Јоаким Осоговски“, каде изгореле 5 хектари. При гаснењето на овие пожари помогнале и екипите на ЈП Македонски шуми подрачна единица Осогово.

Освен овие интервенции, бил пријавен и пожар во населба Баглак 3, каде била запелена дива депонија и по кратко време поради високите температури пожарот се проширил во борот. Немало материјална штета.
Командирот на ТППЕ Крива Паланка апелираше до кривопаланчани да бидат внимателни за да се избегнат несакани последици.

– Ги замолувам граѓаните да не ги паркираат своите автомобили пред влезот и излезот на ТППЕ Крива Паланка, како би можеле нашите екипи навреме да пристигнат на местото на инервенција, додаде Коцевски.

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он