Шест повредени во 10 сообраќајки во Скопје

Од:

Пешак се здоби со тешки телесни повреди, а четворица возачи и сопатник се полесно повредени во вкупно 10 сообраќајни незгоди регистрирани на подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа. Шест од сообраќајките се со последица материјална штета.

Во изминатиот ден сообраќајната полиција санкционирала шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, двајца не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, а тројца возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Дваесет возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а од нив 12 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Девет пешаци  поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден отстранети се 69 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници со учениците од второ одделение во ОУ„Живко Брајковски“ во општина Бутел.

Поради најавена посета на Република Македонија од претседателот на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ во тек на движењето на колоната возила под придружба ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај, што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници. Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите од полициските службеници, а веднаш по поминување на колоната под придружба ќе бидат преземани мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Двајца возачи загинаа во сообраќајка на магистралниот пат Ресен – Битола

Горан Наумовски

Српски државјанин загина во сообраќајна несреќа во близина на Фоча

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа во Грција: Три лица изгореа откако се судрија автомобили и камион

Горан Наумовски

85-годишен возач е тешко повреден во сообраќајка, удрил во паркирано возило

Сообраќајка на автопатот Велес-Градско, повредени се двајца државјани на Босна и Херцеговина

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци