Шест месеци од трагедијата во Кочани, „Марш на ангелите“ и протест во Скопје

Од:

Шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица се навршуваат денеска. По тој повод родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”.

Маршот ќе почне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот суд и обвинителство, а ќе заврши повторно во „Паркот на Револуцијата“

Од иницијативата „Кој е следен“ повикуваат на мирен собир на плоштадот во Скопје. Собирот е најавен за во 20 часот и 16 минути.

Освен двата најавени собири, предвидени се и низа активности во Кочани и Штип. Со почеток од 20 часот, во Градскиот парк на револуцијата во Кочани и градскиот плоштад Слобода во Штип сите кои сакаат да оддадат почит ќе можат да запалат свеќи, а половина час подоцна ќе се организира создавање звездено небо, чин на спомен на младите животи, кои Македонија ги загуби кобниот 16ти март.

Би можело да ве интересира

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Марковски: Инспекторите можеле и морале да ја затворат „Пулс“ поради незаконските зафати

Горан Наумовски

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски

„Пулс“ нелегално бил пренаменет од индустриски објект во дискотека, Општината требало да реагира