Шест лица повредени во три сообраќајќи во тетовско

Од:

Шест лица се повредени во три сообраќајни несреќи што се случија ноќеска за помалку од два часа во тетовско.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека првата сообраќајка со две повредени лица се случила околу 19 часот на улицата „167“ откако „голф“ со тетовски таблички налетал удрил во 27-годишниот М.Б. и неговиот едногодишен син при што им нанел телесни повреди. Таткото и синот се префрлени во тетовската Клиничка болница каде по укажаната помош се задржани за натамошно лекување. Увид на местото од сообраќајката извршила екипа на СВР Тетово и според првичните информации причина за несреќата е неприлагодена брзина на возилото според условите на патот.

Втората сообраќајка се случила на наплатната рампа кај Тетово на автопатот Гостивар Тетово околу 20:45 часот кога се судриле автомобил „фијат браво“ управувано од Т.З.(54) и товарно моторно возило „ивеко“ со скопски таблички управувано од К.Н.(51). Во несреќата тетовецот се здобил со телесни повреди и е пренесен во тетовската болница каде по укажаната помош е пуштен на домашно лекување. Според првичните податоци, причина за сообраќајката е тоа што тетовецот возел под дејство на алхокол. Кај него се измерени 2,17 промили алкохол во крвта.

Третата собраќајка се случила околу 20:45 часот на излезот од Тетово кон Скопје кога се судриле автомобил „венто“ со тетовски таблички управувано од Ф.И.(27) и влекач со полуприколка „волво“ со гевгелиски таблички управуван од А.Ц.(26) од Богданци. Притоа возачот на автомобилот и сопатникот Н.Х.(46), како и сопатничката Р.Е.(26) од Скопје се задобиле телесни повреди. Тројцата се префрлени во тетовската Клиничка болница каде по укажаната помош Ф.И. и сопатникот Н.Х. се пуштени на домашно лекување, додека Р.Е. е задржана за натамошно лекување. Причина за несреќата е непочитување првенство.

Во овој период имало уште една сообраќајка, но на гостиварското подрачје која поминала без повредени. Околу 19:25 часот на локалниот пат за Леуново од патот Мавровска крстосница Маврови анови, автомобил „форд фјужн“ управуван од Д.А. (53) од Скопје налетал и удрил во елен. Ниту возачот, ниту еленот немале повреди, а вкупната материјална штета се проценува на околу 30 илјади денари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ

Пијан млад човек помина на црвено во Белград: Усмрти татко, мајка и дете

Камион удри во банкина на клучката „Хиподром“, возачот заврши во болница

Излета камион кај клучката Хиподром, во прекин е сообраќајот на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

Најмалку еден загина, неколкумина се повредени во судар на автомобил и автобус во Србија

Горан Наумовски

Еден мртов, двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово-Кратово