Шест лица повредени во три сообраќајки вчера на патот Тетово-Пирок

Од:

Шест повредени лица и материјална штета од над 200 илјади денари се последиците од трите сообраќајни незгоди што вчера попладне се случиле на три различни места на регионалниот пат Тетово – Пирок, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во првата сообраќајка околу 17 часот во близина на основното училиште „Прпарими“ во Голема Речица,  патничко возило „Форд“ со тетовски таблици управувано од Х.О. (28) од Пирок удрило во У.З.(77) која пеш одела по патот. Од удирот таа задобила телесни повреди по што била пренесена и задржана за лекување во тетовската клиничка болница. Полицијата извршила увид и работи на утврдување на причините за несреќата.

Другите две сообраќајки се случиле скоро во исто време околу 19 часот и, според Јосифовски, причината и во двата случаја била неприлагодената брзина односно пребрзото возење. Едната била во Камењане кога патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици што го управувал А.Б.(19) од Боговиње, загубило контрола, излетало од патот и оштетило бурекџилница и берберницa покрај патот.

– Од излетувањето повредени се возачот и две лица од Камењане кои во тоа време се наоѓале во бурекџилницата Ј.И.( 48 ) и И.И.( 35 ). Со друго возило повредените биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била  укажана помош  по што се пуштени на домашно лекување, изјави Јосифовски.

Речиси во истото време на регионалниот пат Тетово-Пирок, но сега во близина на бензинска пумпа „Хит-оил два“ во Долно Палчиште излетал џип „Патриот“ управуван од годишниот Б.С.(24) од ова село и удрил во поставениот рекламен ценовник од пумпата. Возачот и сопатничката Ф.З.(23) задобиле телесни повреди и биле пренесени  во тетовската клиничка болница каде по укажаната лекарска помош возачот бил пуштен  додека сопатничката била задржана за натамошна опсервација. По извршениот увид на двете места  материјалната штета се проценува на по 100 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Загина возач на магистралниот пат Кочани – Штип

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

(ВИДЕО) Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Јелоустоун во САД

Во судар на два мопеди загина 13-годишно дете, друг малолетник е тешко повреден

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники