Шест лица повредени во сообраќајка во Автокоманда

Од:

Шест лица се пожалиле на повреди по денешната сообраќајна несреќа во која учествуваа два автомобили и меѓуградски автобус што попладнево се случи во скопската населба Автокоманда.

Од СВР Скопје информираат дека сообраќајната несреќа се случила во 16:15 часот на Булеварот „Александар Македонски“ и оти во неа учествувале два автомобили, од кои едниот со тетовски регистерски таблици, а вториот со странски таблици, и автобус со словенечки таблици.

Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.

Според очевидци, еден од автомобилите бил многу оштетен, а сообраќајот во овој дел од градот се одвива забавено.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец