Шест лица повредени во сообраќајка кај тетовско Доброште

Од:

Шест лица се задобиле со телесни повреди во сообраќајката што вчеравечер се случила на влезот на село Доброште на  регионалниот пат Тетово-Јажинце, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „Голф“ со тетовски таблици управувано од Б.М.( 43 ) од Мала Речица и „Застава 101“  исто така со тетовски таблици што ја управувал С.А.( 31 ) од Одри.

– Во несреќата возачот на „Заставата“ и пет сопатници од двете возила се задобиле со телесни повреди по што биле пренесени  во Тетовската клиничка болница, а тројца од нив биле задржани за натамошна обсервација, рече Јосифовски.

Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он