Шест дена до затворање на конкурсот за медиумската награда „Жан Моне“

Од:

Делегацијата на Европската Унија го објави 15. конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во покривањето теми поврзани со темата „ЕУ за ТЕБЕ?”. Наградата Жан Моне ќе биде доделена во три натпреварувачки категории:

1.Конкурс за најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
2.Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
3. Конкурс за најдобра аматерска фотографија

Во категоријата за новинарска сторија на тема „ЕУ за ТЕБЕ?“ се работи за авторски стории објавени во национални весници, списанија и на веб-страници во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017, а наградата е статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.

Конкурс за најдобра репортерска фотографија е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од земјата, кои може да поднесат до 3 фотографии на тема „ЕУ за ТЕБЕ?” објавени во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017, а наградата е статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.

Конкурс за најдобра аматерска фотографија е отворен за сите фотографи аматери од земјата кои може да достават една фотографија на тема „Човекови права”. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора да бидат претходно објавени. Наградата е диплома и парична награда од 500 евра.

Кандидатите за трите категории треба да ги испратат своите пријави на електронската адреса: [email protected], најдоцна до 20 ноември до 18 часот. Секој кандидат може да испрати по една фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB), како и да гарантира дека тој/таа е автор на сторијата/ фотографијата со испраќање изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот.

Жири-комисијата ќе се состои од седум члена – претставник од делегацијата на Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра репортерска фотографија, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра новинарска сторија, претставник од новинарско здружение, претставник од ЕУ инфо-центарот, како и почесен претседател на жирито.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 14 декември 2017 година.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Калас: Путин нема да застане освен ако не биде принуден

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Борел, Верхофштат и Руиз Девеса: Европа станува вазал на Америка

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

А1он