Шеснаесет сообраќајки за 24 часа во Скопје

Од:

Шеснаесет сообраќајни незгоди се регистрирани во изминатото деноноќие во Скопје, од кои во седум со полесна телесна повреда се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило и пет сопатници. Девет сообраќајки се со последица материјална штета.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Димитар Миладинов“ кое се наоѓа на територијата на општина Центар.

Во организација на Средношколскиот пленум денеска ќе се одржи протестен марш по сообраќајниците во централното градско подрачје до зградата на Министерството за образование и наука. Со цел уредно одвивање на сообраќајот сообраќајната полиција најавува дека ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он