Шенџин и Ѓаковo почнуваат соработка со Кичево

Од:

Градоначалниците на двете општини, Шенџин од Албанија и Ѓаково од Косово, престојуваа во Кичево, на официјална средба со општинските власти. Тие му ја честитаа победата на градоначалникот Дехари и изјавија дека ова е голема и историска победа за целиот албански народ.

Меѓу друго Дехари рече: „Јас од двајцата градоначалници примив најубави честитки за победата на последните локални избори. Разговаравме и за да ја продолжиме соработката во многу сфери, какви што се: културата, образованието, бизнисот, и ги примив поканите за да ги посетам овие две места. Ние ќе одиме на 10 јуни во Шенџин, кога градоначалникот ќе ја отвори туристичката сезона, а културниот ансамбл од Ѓаково летово ќе дојде на нашата манифестација на денот на печалбарите“.

„На оваа победа ѝ се приклучуваат сите Албанци и ние дојдовме за да почнеме соработка со оваа општина. Ова беше една од најголемите победи што ги имал некој албански кандидат за градоначалник, затоа што има своја симболика и историја“ – изјави градочалникот на Ѓаково.

„Убаво чуство е што денес сме овде во Кичево и, освен честитките, ние дојдовме и да подадеме рака за меѓусебна соработка. Ги повикувам граѓаните на Кичево да ги посетат убавите плажи на Шенџин“ – рече Салвадор Качај, градончалник на Шенџин.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски