Шекеринска, Спасовски, Османи, Анѓушев и Лика од февруари со зголемени плати

Од:

На Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи, Кочо Анѓушев, Хазби Лика, четворицата министри и заменици на Зоран Заев, од февруари, платата ќе им биде поголема за 8.027 денари месечно, или за 5 заменици на претседателот на Влада, од парите на граѓаните ќе се одлеат 481.620 денари.

За законот, кој го носи потписот на Радмила Шеќеринска, ќе се дебатира во петок на Комисија а веќе во понеделник е на седница на Собрание.

Владата ова го оправдува со усогласеност со Уставот и е наведено дека коефициентот за утврдување на плата за претседател на Уставниот суд на Република Македонија и потпретседател на Собранието, изнесува 4,00.

Со измените на Законот, коефициентот за утврдување на платата на заменик на претседателот на Владата на Република Македонија ќе се пресметува со коефициент 4,00, наместо 3,70 како досега.

Оваа информација, кога се навести дека ќе има ваква законска измена, предизвика лавина реакции во јавноста, иако Владата се обидуваше невешто ова да го сокрие. Особено се споменуваше дека Хазби Лика вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор, кој и не доаѓаше на работа, но платата редовно си ја земаше.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите