Шеќеринска: Само на почетокот на кампањата ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици илјади евра

Од:

Само во првите неколку дена ВМРО-ДПМНЕ за нивната изборна кампања потроши стотици илјади евра, рече за А1 Радмила Шеќеринска од СДСМ. Според неа срамота е кога во една држава, обвинителството да не си постави едно основно прашање како е возможно партија која три години должи повеќе од 3 милиони евра, сега да води уште поскапа кампања.

„Секоја втора страница на сите весници е закупена од нивна страна, на сите телевизии не бомбардира Никола Груевски. Веќе се плашиме дека и фрижидер ако отвориме да не излезе Никола Груевски. Срамота е кога во една држава, обвинителството да не си постави едно основно прашање-како е возможно партија која три години должи повеќе од 3 милиони евра, сега да води уште поскапа кампања? За жал, нашето обвинителство кое ќе ве однесе во затвор ако украдете леб , никого не го смета за одговорен за украдени 3 милиони евра“ рече Шеќеринска.

Овие прашања треба да се постават на вистинска адреса, а тоа е Владата на Македонија, вели Шеќеринска.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија