Шеќеринска: Револуцијата треба да почне од големите градови

Од:

Граѓаните во Битола на средба со Радмила Шеќеринска од СДСМ се пожалија на се потешкиот опстанок, на голема скапотија, на недостатокот на медиуми кои објективно ќе информираат. Шеќеринска им кажа дека власта постојано лаже, а во тоа е помогната од медиумите.

„Наместо да произведуваме дали во Битола, дали во Неготино дали во новите централи што требаше да ги изградат а не ги изградија, за да можат бизнисмените да увезуваат струја, нивните блиски бизнисмени до ВМРО-ДПМНЕ. 100 милиони евра Македонија плаќа за да увезува струја. Е тоа некој ќе го плати-сите ние. Ај да речеме сиромаштија ама бар не се задолживме, ние на вакво задолжување, пак сме сите во минус“, рече Шеќеринска.

„Ете ние, нема некој нема што кредит не враќал, лесно е да го земеш, а сега не е лесно ни тоа, ама додека го вратиш…
Е што прават сега со нашите пари, ќе си земат ги трошат на стаути на едно друго, ништо нема да се реши, утре кога ќе дојде да се плаќа кредитот, нов си земаат. Ова е трет пат кредит да земаме кредит за да ги вратиме претходните кредити, и ДДВ да се врати.
Ете колку години три години не им плаќаат ни ДДВ ни сметки, фирмите дошле се построиле пред премиерот уште аплауз што им плаќа. Па кој од вас не смее да не плаќа сметки, со стап ќе му дојдат ќе го тепаат, а вака доцнат со плаќањето и аплауз им даваат“, рече Шеќеринска.

„И тоа е страв, сите се револтирани ама таму, им држи лекции..

-Ни кажува што ќе направи, тие се наши плати.

-Ние немаме членсто да отвориме наша телевизија“, прашуваа граѓаните.

„А1 ја затворија, луѓе во затвор пратија, А2 и таа затвор, А3 затвор, сега е притисокот на Телма, Алфа, се што може да се затвори. Во весниците, помалку се продаваат, луѓето немаат пари, ако некоја фирма одлучи да им даде пари да се рекламира одма инспекција на врата.Ова не било никогаш, ова е комунизам од сталински тип“, рече Шеќеринска.

„Миленко нездрав комплетно, Јади бурек исто така, е кој будала треба да пушти на таа телевизија да гледа вести?“, прашуваа граѓаните.

„Треба обични прашања да им се поставуваат на луѓето-Ако живееш подобро од пред 6 години, гласај за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Шеќеринска и доаде дека никој не го кажува тоа.

„И самото членство од ВМРО-ДПМНЕ вика и нас ни е полошо, ама не излегувам зашто ќе ме избркаат од работа“, рекоа граѓаните
„Ние не треба да очекуваме во селата да почне револуцијата, ова се сепак големи граодеви, во Скопје, Битола, Куманово, таму треба да почнат промените. Кога гледам телевизија, не ми е криво што лажат, туку што лажат со наши пари е тоа ќе пукнам“, рече Шеќеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски