Шеќеринска: Чудо! Не сакајќи, „Република“ ме испофали!

Од:

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, на својот ФБ профил реагира на пишувањето на „Република“ во врска се нејзина наводна вмешаност во аферата со Маѓар Телеком.

Еве што напиша Шеќеринска:

11997193_10207543034004221_24493405_n

Чудо! Не сакајќи, „Република’ ме испофали! Во документот кој го објавуваат (читајте го оригиналот) се потврди:
– дека сум инсистирала на брзи рокови за либерализација на телекомуникацискиот сектор во Македонија
– дека предлозите од Маѓар Телеком не сум ги поддржала (законот кој го нуделе останал нивен предлог, не поддржан од мене ниту институцијата која сум ја раководела) и
– дека на седницата на Влада не им помина законот по ќеиф на Маѓар Телеком туку закон усогласен со ЕУ обврските на Македонија (и предлагам на Владата да ги објави снимките од таа седница за да се види зошто и како Маѓарите не го добија тоа што го сакаат).

Документите покажуваат дека многумина во Македонија се спротивставија на криминалните зделки и привилегираната позиција на МТ – горда сум што бев една од тие.

Очекувам „Република“ да ги дообјави документите од истиве сведочења, вклучувајќи ги и конкретните имиња и функционери врзани за „Аналитико“. Шилото повторно врти!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?