Шекеринска во работна посета на Холандија

Од:

Заменик-претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Холандија.

Во текот на денешиот ден, Шекеринска ќе има средба со претставници од Лабуристичката партија во Парламентот на Холандија, а потоа во Хаг ќе се сретне со пратениците Мајкл Серваес, претставник за надворешни работи и Марит Маиј, претставник за европски прашања во Холандскиот парламент.

Во Министерството за надворешни работи најавено е дека Шекеринска ќе има средби со Барбара Плечер од Одделот за човекови права и мултилатерални организации, со Адиен Велрусио од Одделот за евро-интеграции и со Рој Ханс, од Одделот за Европа при Министерството за надворешни работи. На средбите, како што информира СДСМ, ќе стане збор за евроинтеграцискиот процес на Република Македонија и состојбите во ЕУ и регионот.

Шекеринска ќе учествува и на експертскиот состанок на кој ќе се разговара за процесот на проширување на ЕУ, реформите, владеењето на правото и демократизацијата во Македонија и Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски