Шекеринска во работна посета на Франција

Од:

На покана на француската Социјалистичка партија, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, престојува во неколкудневна работна посета на Франција.

Во Париз Шекеринска ќе оствари повеќе средби, меѓу кои со првиот човек на Социјалистичката партија- Првиот секретар  Жан Кристофа Камбаделис (Jean-Christophe Cambadélis) и неговиот дипломатски советник Пиер Кануту (Pierre Kanuty).

Социјалистичката партија e најсилната политичка партија во Францускиот парламент, а нејзиниот поранешен Прв секретар, Франсоа Оланд, стана претседател на Франција на изборите во 2012 година.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Социјалистичката партија на Франција имаат долгогодишна соработка во рамките на Социјалистичката интернационала и Партијата на европските социјалисти.

Во рамки на посетата Шекеринска ќе има серија на средби и во фондацијата Жан Жорес.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни