Шекеринска во Неготино: На Македонија и треба одговорна и отчетна власт

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска беше помеѓу граѓаните на Неготино.

„Имаме проблем со откупот на грозјето, со ниските цени, пласманот, ама за тоа барем се зборува, знае цела Македонија каква е нашата мака. Во 21 век проблем на граѓаните на Неготино е и водата. Не може вака да се живее, вакви приоритети мора да се решат.

sekerinskanegotino (2)

Со овие зборови граѓаните ја пречекаа заменик претседателката Шекеринска. Ги мачат многу проблеми. Здравствениот дом во Неготино нема услови за раѓање на децата, лекари нема, се пожалија граѓаните.

Шекеринска рече дека СДСМ има визија какво општество ќе гради, заедно со граѓаните. СДСМ е помеѓу граѓаните за да разговара за нивните проблеми и за тоа како Македонија да добие добра власт“, пишува во соопштението на СДСМ.

sekerinskanegotino (1)

„Нашата визија, Визијата за Македонија ја ставаме пред граѓаните, пред вас, да дебатираме, да разговараме, да го слушнеме вашето мислење. Целта ни е да создадеме програма, не напишана во канеларии, туку на терен, заедно со граѓаните. Само така Македонија ќе добие подобра власт на којашто на прво место ќе и биде човекот, граѓаните“ рече Шекеринска.

„Таа додаде дека на Македонија и е потребен развој на долг рок којшто е возможен само преку враќање на средната класа, со отчетна и отворена власт.

sekerinskanegotino (3)

Државата не смее да ги крие податоците од граѓаните. Денес граѓаните не можат да добијат податок зошто дрвата што се на пазарот се дупло поскапи од лани. Не може граѓаните да не знаат за што се трошат нивните пари. Владата ако ви должи никому ништо а вие ако и должите на државата се соочувате со извршители“, се вели во соопштението на СДСМ.

Затоа велиме дека на Македонија и е потребна одговорна и отчетна власт со механизми контрола на граѓаните над власта, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски