Шекеринска во Куманово: Знаеме како, обезбедуваме иднина за младите дома

Од:

„Ние сме заборавени од власта. Гледате и самите, по цел ден сме на пазар, работиме, ама парите одат за инспекции, казни и извршители. За нашите деца малку останува“, велат пазарџиите од Куманово.

„На средбите со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пазарџите од Куманово ја опишаа својата мака. Многу работат а немаат пристојна заработувачка, велат тие.

Sekerinska2

Клучниот проблем во Македонија е нееднаквоста која продира во сите области, возврати Шекернска додавајќи дека СДСМ знае како да ги промени работите“, се вели во соопштението на СДСМ.

-Додека за едни важат законите, за други не важат. За едни судовите се заштита, за други се казна. Мал број имаат големо богатство а другите не знаат како месецот да го поминат. Тоа заедно ќе го промениме, еднаквоста ќе ја обезбедиме. СДСМ ќе воведе праведни даноци и парите ќе ги насочиме кон граѓаните, рече Шекеринска.

Sekerinska3

На средба со Шекеринска, младите од Куманово се пожалија дека не гледаат перспектива во земјава и затоа излезот го гледаат надвор од Македонија.

-Над 600 илјади граѓани се иселени од Македонија, пред се млади. Затоа, заедно со младите, заедно со граѓаните, креиравме политики коишто ќе обезбедат иднина за младите дома. Секој млад човек ќе добие фер и рамноправна шанса, рече Шекеринска.

Заменик претседателката Шекериснка се сретна и со армиските и полициските ветерани. Видна беше нивната вознемиреност од тоа во каква Македонија живеат во последните 10 години.

Sekerinska5

-Се боревме за слободна, праведна и напредна држава а не знаеме утре што нѐ чека. Куманово нема да го заборави она што се случи во Диво Насење. Граѓаните мора да ги добијат сите одговори за никогаш да не се повтори, велат ветераните.

-Паднаа сите митови за лажна чесност на Никола Груевски. Држава којашто не знае да си го цени сопствениот народ не може да креира иднина. Парче по парче, заедно, ќе си ја зачуваме и заштитиме нашата земја од овие што и мислат лошо. Не дозволивме да победи нивната омраза. Вистината победи, ќе победи и правдата. Македонија ќе биде сигурна и безбедна држава за сите, порача Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“