(ВИДЕО) Шекеринска во поплавените подрачја, апелира за солидарност и помош

Од:

На Македонија и на Скопје вчера и денеска навистина им се случи огромна катастрофа. Бевме во Сингелиќ, во Арачиново, во Стајковци, ќе одиме во Инџиково и во Црешево, меѓутоа секаде состојбата е ужасна и за жал луѓето се оставени сами да се снаоѓаат и да ги решаваат проблемите, рече Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Сакам да изразам сочуство на сите семејства коишто ги изгубија своите најблиски. Сакам да ги повикам сите граѓани, пред се на Скопје, но и на цела Македонија, да се приклучиме и да им помогнеме на нашите сограѓани, на нашите соседи, на сите оние на кои помошта им е најпотребна.

Потребна е вода за пиење, потребна е храна, потребна и е физичка помош, за да секое семејство се спави со ужасот коијшто им ги уништил куќите, домовите, сето она коешто го создавале со години.

Очекуваме институциите многу поорганизирано и многу побрзо да се вклучат во средување на состојбите. За жал секаде кадешто влеговме има недостиг на струја, има недостиг на вода за пиење. Најголема е потребата за пумти и агрегати коишто ќе им овозможат на граѓаните да се спасат од водената стихија којашто се уште е тука.

Земајќи предвид дека и за денеска се најавени врнежи сметаме, повикуваме, ние ќе бидеме присутни на терен, секој од нас може да помогне.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски