Шекеринска: Плашливиот Вељаноски знае да плука и навредува

Од:

Од плашливиот човек кој „храбро“ нареди кршење на Устав и Деловник, бркање на опозициските пратеници и тепање жени, не ни очекував ништо повеќе од приземна политичка култура, плукање и лажење, му одговори Радмила Шекеринска на спикерот Трајко Вељаноски, кој во писмото до јавноста ја нарече пратеничката „испукан политички ќор-фишек“.

„Ако веќе ги коментираме делата и резултатите, едно е неспорно: додека јас како „ќорфишек“ според зборовите на Трајко, со мојата работа успеав да ја доведам Македонија до кандидатски статус во ЕУ, тој и неговите шефови веќе 7 години ја возат и држат во ќорсокак. Тоа, освен срамот од 24 декември, ќе биде единствен белег што го остави големиот Трајко“, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?