Шекеринска: Планот за живот значи дека ќе има живот за сите

Од:

Носителката на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 5 предводена од СДСМ, Радмила Шекеринска за време на денешниот престој во Битола изјави дека планот за живот во Македонија значи дека ќе има живот, ќе има шанси, ќе има правда за сите.

На средбата со битолчани, а во пресрет на вечерашниот митинг на најголемата опозициска партија и коалициските партии, Шекеринска посочи дека програмата овозможува изградба на држава што ќе им припаѓа на сите и која секому нуди еднаква шанса за подобар живот.

– По 11 декември ќе обезбедиме правда за да има живот за сите. Минативе денови во вода паднаа тезите за федерализација и двојазичност, а ги демантираше Артан Груби од ДУИ, изјави Шекеринска.

Носителката на кандидатската листа за пратеници предводена од СДСМ, Радмила Шекеринска и кандидатите за пратеници Александар Кирацовски и Васко Ковачевски во битолските населби ја дистрибуираа програмата „За живот во Македонија“ врз принципот „од врата до врата“, остварија средби со повеќе здруженија на граѓани, а вечер во Битола ќе го одржат централниот митинг за ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он