Шекеринска: Охрабрувачки е дека можната нова Влада во Бугарија вели оти треба нов пристап

Од:

Охрабрувачки е дека можната нова влада во Бугарија вели оти ни треба нов пристап. Ние ќе го имаме истиот дух на добрососедство, на отвореност и истата желба да најдеме решенија и да тргнеме напред. Ако има и пола од тој дух и на бугарска страна, како што гледаме деновиве, можно е да видиме и пресврт. Дефинитивно нов пристап ќе биде корисен и за нас и за нив, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по завршувањето на финалната конференција на групата за воена интеграција на Република Северна Македонија во НАТО.

Охрабрувачки се, нагласи таа, изјавите дадени во изминатиот период и резултатот од бугарските избори, затоа што, како што рече, Бугарија се доведе во ситуација да не блокира нас и Албанија, но на некој начин да се блокира и себе си.

– Тие зборови делуваат охрабрувачки, се разбира тоа е сепак само најава. Ние го поддржуваме тој апел за нов дух, за нов тип на дијалог во кој ќе се трудиме не да најдеме мана или причина да го блокираме соседот, туку да најдеме што и едните и другите можеме да извлечеме од поголема соработка, рече министерката Шекеринска.

Таа се осврна на коментарот дека од Софија за да стигнете со авион до Скопје треба да одите преку Виена, при што нагласи дека тоа е едно конкретно прашање за кое треба да трошиме многу повеќе енергија, отколку за прашањата кои, подвлече, ни одземаат многу време, речиси цела година од нашата билатерална соработка.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

A1on