Шекеринска: Норвешката влада со одлука ја поддржа поканата за членство на Македонија во НАТО

Од:

Норвешка силно го поддржува членството на Македонија во НАТО. Потврда за недвосмислената поддршка е и одлуката со која норвешката влада ја поддржа поканата за Македонија за членство во НАТО. Ова беше речено на денешната средба на министрите за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска и на Норвешка, Франк Баке-Јенсен, на средбата во Осло.

Беа донесени храбри одлуки со што се отвора патот Македонија да ја добие долгогочекуваната и заслужена покана за членство во Алијансата, заклучија министрите.

„Беше потребно визионерство и лидерство да се реши повеќедеценискиот спор со Грција. Ова решение е и стратешки чекор за двете земји. Балканот покажа дека не само што не предизвикува проблеми, туку може да биде и модел за решавање на европските проблеми и предизвици. Тоа не може да се каже многу често. Сега Македонија очекува силна валоризација на сето она што е направено, преку покана за членство во Алијансата и почеток на преговори со Европската Унија“, рече министерката Шекеринска на средбата.

Министерката истакна дека придвижувањето на евроатлантските интегративни процеси за Македонија ќе значат зацврстување на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот Балкан, што е предуслов и за безбедна Европа. Шекеринска додаде дека Владата останува непоколеблива во реализацијата на домашните реформи, владеењето на правото, демократијата, слободата на медиумите.

„Норвешка го поздравува позитивниот развој на настаните околу спорот со името меѓу Македонија и Грција“, рече министерот Франк Баке Јенсен.

„Ова е поттик за трансформацијата и за стабилноста за целиот регион. Нашата поддршка за членството на Македонија во НАТО е недвосмислена“, рече Јенсен и ја информираше министерката дека на претстојниот Самит на НАТО во Брисел Норвешка ќе одговори позитивно за поканата за прием на Македонија во Алијансата, што ќе биде поткрепено со одлуката за поддршка на Македонија која норвешката влада ја усвои минатата недела.

Двете земји имаат интензивна билатерална одбранбена соработка. Норвешка е еден од најголемите поддржувачи на домашниот Регионален центар за односи со јавноста, кој воедно е и НАТО-партнерски центар, а продолжува и поддршката за Балканските медицински сили, регионална организација со седиште во Скопје.

За време на посетата, министерката се сретна со државниот секретар во норвешката Влада, Ингвилд Нес Стуб, со државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Аудин Халворсен и со претседателот на парламентарната комисија за надворешни работи и одбрана, Аникен Хуитфелд.

На средбите министерката се осврна на исклучително позитивниот развој на односите во Македонија, посветеноста на демократизација на општеството и прагматичниот пристап кон решавање на отворените прашања помеѓу соседите.

Би можело да ве интересира

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

Сојузниците на НАТО ги затвораат разузнавачките „канали“ за САД