Шекеринска: Ни треба Влада што ќе размислува исклучиво на најважните политички прашања

Од:

Очекуваме во првите 10 дена од јуни да бидат завршени коалициските разговори и консултациите со можни кандидати, затоа што ни треба Влада што ќе има целосен мандат и нема да размислува на кадровски, туку исклучиво на најважните политички прашања.

Вака одговори вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска на новинарско прашање до каде се разговорите за владината реконструкција.

– Сметавме дека до извештајот на ЕК и првите неколку дена фокусот треба да ни биде таму. И тоа се покажа исправно. Извештајот на ЕК покажа дека оваа држава навистина направи не серија реформи, туку направи чудо на регионален, но и на домашен план. За тоа да продолжи и во преговорите да влеземе со целосен капацитет, мора да си ги завршиме и домашните обврски, изјави Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски