Шекеринска на конференција за ЕУ и Западен Балкан

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, учествува на конференцијата “ЕУ и Западен Балкан: 2020“ што во Белград ја организираат Фондацијата ФЕС и Центарот за надворешна политика во Белград.

Конференцијата ја отворија Кори Удовички, заменик премиер на Србија и Гинтер Верхојген, поранешниот комесар на ЕУ за проширување, кој го водеше процесот за приклучување кон Европската Унија на земјите од Централна и Источна Европа.

Заменик претседателката Шекеринска беше говорник на темата “Западен Балкан: Перспективи и очекувања“ и ја подвлече политичката и економската цена што ја плаќа Македонија поради закочениот евроинтегративен процес. Таа повика на зголемен ангажман и иницијативност од страна на ЕУ, за спречување на дополнително влошување на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски