Шекеринска: Ќе има среќа и ќе има живот во Македонија

Од:

Почитувани граѓани. Денеска е последниот ден од кампањата за предвремени парламентарни избори во Република Македонија. На два дена сме до шансата да ги промениме работите во Македонија, работите кој нечинат, работите кој не одат добро, рече Радмила Шекеринска, заменик претседателка и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.

Таа шанса ја добиваме сега како граѓани оваа држава и таа шанса во недела можеме да ја искористиме.

Јас и мојот тим во изминатиов период поминавме низ сите села и градови во изборната единица 5, тоа го сторија и моите колеги низ цела Македонија.

Разговаравме со граѓаните и ги слушавме нивните проблеми, сите, ама букавално сите, бараат шанси за живот, тука во Македонија. Не скаат поделби, туку сакаат решенија. Скаат систем кој ќе функционира за сите, подеднакво.

Најголемиот проблем кој сите го спомнуваа беше масовното ислеување од нашата држава.

Затоа излеговме пред вас со План за живот во Македонија. План со кој сакаме младите да останат тука во татковината. Да дадеме шанса за сите, за подобар живот и среќа во нашата татковина.

Планот за живот во Македонија значи повисоки плати и повисоки пензии, тоа значи минимална до 16.000 денари и просечна плата во цела Македонија до 30.000 денари.

Живот во Македонија значи и шанса за поддршка на домашните претпријатија за 100 пати поголема од таа што денес ја имаат, со 140 милиони евра насочени кон домашните претпријатија, за да отвораат нови работни места и за да исплаќаат повисоки плати.

Живот во Македонија значи и парите да се враќаат кон граѓаните, да ги решаваат нивните проблеми, да велгуваат во нивниот буџет и во нивниот џеб.

Тој воедно значи и фер однос кон граѓаните, фер давачки за сите во Македонија, оној кој има помалку да плаќа помалку, оној кој има помалку да добие поголема поддршка од државата.

Животот во Македонија значи институции кои работат во служба на сите нас како граѓани на Република Македонија. Животот во Македонија значи правда, правичност, одговорност од старана на луѓето кои добиве доверба од сите вас.

На два дена сме пред избори, гласот на секој е важен. Ако сите излеземе на гласање, ако сите го искористиме нашето гласачко право, во Македонија ќе се случат промени.

Ќе се случат промени кој ќе обезбедат младите да останат тука во Македонија.

Ве повикувам да гласаме за број 4, и да го избереме животот во Македонија.

Ќе има среќа и ќе има живот во Македонија.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски