Шекеринска: Изборот е на граѓаните – сакаат ист или подобар живот

Од:

Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5, рече дека во во последниве три дена, во три различни општини низ изборната единица 5, во речиси секое семејство ја слуша истата приказна, истата мака – барем еден член веќе е заминат од Македонија, најголемиот дел од нив заминале затоа што не можеле да најдат работа, но исто така и голем дел од нив заминале заради тоа што со платата не можеле да го прехранат семејството.

– Груевски и ВМРО ДПМНЕ имаа 10 години да го променат ова. Имаа 10 години да обезбедат пристоен живот за младите, за сите граѓани во Република Македонија. Наместо, тоа тие избраа да ја градат најголемата партиска зграда на Балканот, наместо тоа тие избраа да ја направат најбогатата партија во Европа, злоупотребувајќи ги парите на граѓаните и крадејќи ги парите од буџетот. Затоа на11 декември граѓаните на Република Македонија и на изборната единица 5 носат одлука дали ќе продолжат со овој живот како до сега, дали ќе продолжат со ваквото владеење, или ќе дадат шанса за живот во Македонија, за подобар живот, за повисоки плати, за повеќе работни места – рече таа.

Таа истакна дека во План за живот во Македонија планираат просечната плата да порасне до 30.000 денари, за најголем дел македонски семејства да можат, и да ги платат сметките и да ги растат во нормални услови децата и да ги обезбедат сите главни продукти за нормален живот.

– Тоа ќе го постигнеме на тој начин што ќе ги зголемиме минималната плата на 16.000 денари, и што ќе ги поддржиме домашните фимри со 140 милиони евра, за да создаваат работни места, меѓутоа и за да обезбедуваат пристојни плати. На 11 декември гласаме за бројот 4, гласаме за промени и за живот во Македонија – порача Шекеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“