Шекеринска: Интеграцијата во НАТО врвен приоритет на Македонија

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со парламентарниот државен секретар во германското министерство за одбрана Ралф Брауксипе посочила дека интеграцијата на Македонија во НАТО, е во врвот на приоритетите на Владата.

Како што информираат од Министерството за одбрана, Шекеринска додала дека членството на Македонија во Алијансата ќе покаже дека политиката на отворени врати на НАТО е жива и дека дава резултати.

– Само со интеграција на земјите-аспиранти во НАТО, регионот на Западниот Балкан и Балканот во целина ќе биде мирен, безбеден и просперитетен, рече министерката.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина