Шекеринска и Заев го преземаат СДСМ?

Од:

Зоран Заев и Радмила Шекеринска се многу веројатни кандидати за новите први луѓе на „Бихаќка“. Според извори од СДСМ, овој двоец е најпосакуваната опција меѓу партиското членство за конгресот во мај.

Наводно, ниту актуелниот лидер Бранко Црвенковски немал против новите наследници, а Заев и Шекеринска веќе добиле поддршка и од меѓународниот фактор, пишува „Утрински весник“.

Двоецот, кој ќе функционира како Обама и Бајден, веќе има поддршка од меѓународниот фактор, како и од членството.

„Се зборува дека меѓународниот фактор веќе дал поддршка за ваквата коалиција“, вели изворот на Утрински весник.

Според шпекулациите, Шекеринска важи за одличен промотор на земјава при евроатлантските интеграции, има воспоставено добри односи со угледни странски политичари и организации, високо котира и кај амбасадорската елита во земјава. Од друга страна, нејзиниот имиџ на политичар кој нема директна врска со теренските работи, треба да го надополни струмичкиот градоначалник, Зоран Заев, кој важи за човек од народот.

Заев и Шекеринска вчера, за „Утрински весник“, не сакале да ги коментираат гласините. Покрај нив, во „играта“ се Кире Наумов кој објави дека би бил кандидат, а тука е Игор Ивановски, кој е со поддршка од крилото околу Црвенковски на чело со Савова, велат анонимни партиски извори, како и потпретседателот Зоран Јовановски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија