Шекеринска: Гласот на секој е важен, на 11 декември избираме живот во Македонија

Од:

Вчера на огромниот митинг во Скопје, граѓаните на Македонија испратија јасна, гласна, масовна порака дека се за промени и дека се за живот во Македонија. Ваква порака ќе чуеме и денеска во Дебар, во Струга, и во Охрид. Денеска би сакала слична порака да испратам и до оние вработени во администрацијата коишто страдаат од притисоците од власта. До оние неопределени кои се уште размислуваат кому да му го дадат својот глас, рече Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.

Придружете ни се да ставиме крај на заканите, на притисоците, на стравот. Придружете ни се да завртиме нова страница во македонската историја.

Гласот на секој е важен и одлучува. Гласот на секој одлучува дали во следните 4 години ќе има преживување или ќе имаме живот. Живот на младите во Македонија, живот на сите граѓани тука во Македонија.

Зад параванот сами одлучуваме, никој нема да знае за кого сте гласале.

Само со силата на пенкалото во своите раце ќе одлучите каде ќе тргне Македонија.

Убедени сме дека мнозинството граѓани во оваа држава посакуваат живот, живот на своите најмили тука во државата, во татковината.

Убедени сме дека на 11 декември со тоа пенкало во рацете ќе одлучите да дадете шанса за сите во нашата држава. За повисоки плати, за помалку притисоци, за подобри пензии, за парите кај граѓаните, за институции коишто ќе работат во служба на граѓаните, за правда, и за подобар живот овде во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он