Шекеринска: Денеска е историски ден за Македонија

Од:

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска по конференцијата „NATO Engages“ која се одржува во рамки на Самитот на НАТО во Брисел, рече дека денеска е историски ден за Македонија.

„Денеска е ден во кој можеме да го поправиме она што го испуштивме во 2008 година. Мислам дека дури и на денешните дискусии на министерско ниво за надворешни работи и одбрана и на премиерско ниво, стана јасно дека една од недвосмислено најпозитивните одлуки на овој Самит ќе биде поканата што ќе ја добие Македонија”, рече Шекеринска.

„Денеска сите ја искористија можноста да и’ честитаат на Макесонија за огромниот пробив и целиот аудиториум не’ награди со аплауз зашто се свесни дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО“, рече министерката за одбрана.

Таа е уверена и дека референдумот во Македонија ќе биде успешен.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Келог: Време е за нов сојуз

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО