(ВИДЕО) Шекеринска: Брисел потврди дека власта ја злоупотребила својата моќ во сите сфери

Од:

Среќни сме што со многу напори, со искрена посветеност кон интересите на граѓаните и Македонија успејавме да ја спасиме препораката на Европската Комисија за Македонија. Пораката за жал после 10 години од добиениот кандидатски статус е условена и тоа е дело на несериозната актуелна власт, вели Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Она што е добро за граѓаните на Македонија е што Вистината за Македонија оддекна и во Брисел. Високи претставници и членови на Владата ја злоупотребиле својата моќ во сите сфери, судството, медиумите, изборниот процес, регулаторните тела.

Има селективна правда, широко распространета корупција, закани врз новинари, сериозна загриженост за уредувачката политика на јавниот сервис МТВ.

Затоа, реализацијата на Договорот од Пржино повеќе не е очекување само на граѓаните на Македонија, туку услов Европската комисија да ја задржи препораката.
Брисел денеска порача дека Европа сака Македонија со европски вредности.

ВМРО-ДПМНЕ не сака таква Македонија.

СДСМ продолжува да работи на нормализација на државата заедно со вас граѓаните.
Одлучни сме, ја враќаме слободна и европска Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација