Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

Од:

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше денеска објавен на соцјалните мрежи, а се однесува на прегласувањето на локалните избори во кои победата во Центар ја понесе Андреј Жерновски, како претставник на тогашната опозиција.

„’Бомбава’ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013. Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти!“, напиша Шекеринска на „Фејсбук“.

На снимката таа разговара со тогашниот вицепремиер во Владата на Никола Груевски, Фатмир Бесими, кому му вели дека ако има прегласување секаде каде што во прв круг победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија. Таа од соговорникот бара членот од ДУИ, Субхи Јакупи, „принципиелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово“.

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во авто-перална во СКопје

Повторно дојави за бомби во скопски училишта, се евакуираат учениците

Катерина Ѓуровски

Дојавата за бомба во скопска гимназија е лажна, превентивно се евакуирани и други училишта

Нова закана за поставена бомба во скопско училиште

Горан Наумовски

Дојави за бомби попладнево стигнале во девет скопски училишта, се евакуираат учениците од втора смена

Маја Илиевска-Пачемска

Нова дојава за бомба, се евакуираат ученици од средното училиште „Јосип Броз“ во Скопје

Маја Илиевска-Пачемска