Шекеринска: Аудио снимката ја симна маската на Груевски

Од:

Аудио снимката што вчера ја објавивме докажа дека целиот криминал во Република Македонија почнува од премиерот.Tој е креаторот на целата криминална пирамида во државата.

Да не дозволиме да ги крадат нашите пари и да ги изнесуваат надвор од државата преку нивните оф-шор фирми, чиишто татко е премиерот лично.

Тој прво ги украде парите од граѓаните, а потоа со нивните пари купува гласови, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во Неготино.

Граѓаните прашуваат за скандалот во којшто е инволвиран лично премиерот Никола Груевски, коментираат дека е бесрамно и лицемерно некој кој самиот примал кеш и не платил данок кон државата, да затвора и казнува со по 3.000 евра и повеќе мали дуќанчиња што едвај опстануваат.

-Зад параванот сте сами, вие можете да ги донесете промените. Заеднички да не и дозволиме на оваа власт да продолжи да ја уништува државата, порача заменик претседателката Шекеринска.

Таа зборуваше со неготинчани за нивните секојдневни проблеми, за мерките во Програмата на СДСМ за подобрување на животниот стандард, а беше и во црквата Св. Атанасиј во центарот на Неготино каде заедно со верниците го одбележа големиот верски празник Велики Петок.

Sekerinska

Sekerinska 1

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?