А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шекеринска: Ана Линд сè уште е запомнета во Македонија

by А1он12/09/2013 - 09:5812/09/2013 - 14:27137
Share0

Македонија го чувствуваше мирисот на војната, стоевме на работ на бездна. Ана Линд беше токму тоа чудо на кое се надевавме, изјавила поранешната македонска вицепремиерка за европски прашања Радмила Шекеринска за време на нејзината посета на Стокхолм летоска, пишува шведското списание за глобални прашања „ОмВäрлден” (За Светот).

Добивај вести на вибер

Списанието објави интервју со Шекеринска по повод одбележувањето на 10-годишнината од трагичната смрт на поранешната шведска министерка за надворешни работи Ана Линд.

sekerinska_lindh_intervju

Во 2001 година, во текот на Шведското претседателство со ЕУ, Ана Линд отпатува за Македонија за да се обиде да ја спречи војната која се закануваше да избувне во земјата. Таа патуваше во состав на ЕУ-тројката, заедно со Хавиер Солана, висок претставник на ЕУ за надворешно-политички прашања и еврокомесарот Крис Патен.

– Нејзината насмевка ги вчудоневиди здрвените луѓе на власта. Нејзиното држење се спротивстави на војната и беше многу брза да потенцира дека насилството мора да се избегне. Не потсети на човековите права и правата на малцинствата. Под Ана Линд ЕУ зборуваше со еден глас – и НАТО и САД се согласија. Тоа беше голем потфат, вели Радмила Шекеринска, актуелна потпретседателка на СДСМ и пратеник.

Преговорите резултираа со Охридскиот договор, кој доведе до обемни промени во Уставот и другите закони. Меѓу другото, беше зајакната положбата на малцинствата и малцинските јазици.

– Ана Линд подвлече дека стабилноста мора да оди рака под рака со демократијата. И бараше респект за сите малцинства, укажува Шекеринска.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Горан Наумовски30/03/2026 - 12:46

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Горан Наумовски30/03/2026 - 11:55

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:58

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто