Шекеринска со 18 колеги од НАТО потпиша Меморандум за разбирање

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во седиштето на НАТО во Брисел, го потпиша Меморандумот за разбирање со кој Македонија се приклучува кон „Смарт Дифенс“ иницијативата за муниција за копнено војување.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Меморандумот за разбирање министерката Шекеринска го потпиша заедно со 17 министри за одбрана од земји-членки на НАТО, и со својот колега од Финска, партнер на НАТО.

Покрај Белгија, како водечка во оваа иницијатива, меѓу потписниците на Меморандумот се Германија, Франција, Данска, Шпанија, Норвешка, Австрија, а од регионот – Словенија и Црна Гора.

Меморандумот за разбирање воспоставува рамка која обезбедува групирање на националните краткорочни и долгорочни планови за набавки на муниција за копнено војување. Тоа значи дека работејќи заедно, земјите-членки на оваа иницијатива ќе добијат муниција по пониски цени, ќе ги хармонизираат залихите и ќе имплементираат заеднички решенија за складирање на долг рок.

Иницијативата за муниција за копнено војување обезбедува подобра интероперабилност на декларираните единици на Армијата на Република Македонија, особено лесната пешадиска баталјонска група. Воедно, се овозможува заштеда на финансиски средства при набавката на муниција, додека самото членство во оваа иницијатива нема финансиски побарувања, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ