Шехтански најави реализација на повеќе проекти во Делчево

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од коалицијата „За подобра Македонија“, Дарко Шехтански денеска им се заблагодари на граѓаните за дадената поддршка во првиот круг од изборите и ги повика во вториот круг да гласаат за подобра и поубава општина.

– Нашата програма е составена од проекти кои се плод на желбите на граѓаните и можноста на локалната самоуправа и Владата на Република Македонија да ги реализираат предвидените проекти. Ветуваме развој, просперитет, поубава и побогата општина Делчево, рече Шехтански на прес-конференција.

Вети изградба на инфраструктура за индустриската зона Долни Бавчи, изградба на технолошко индустриска зона, реконструкција на регионалниот пат Делчево-планина Голак во должина од 10 километри, изградба на филтер станица на браната Лошана, фекална канализација во неколку села и изградба на локални патишта.

– На Делчево му се потребни работни места. Нашата младина постепено ја напушта општината, младите се иселуваат во странство. Нашата желба е да ги задржиме во општината и да створиме услови за враќање на веќе иселените, истакна Шехтански.

Во неговата програма има и проект за регулација на реката Брегалница, а планирана е и доградба на детската градинка „Весели Цветови“ и реконструкција на основните училишта „Ванчо Прќе“ и „Св. Климент Охридски“.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември