Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан на средба со Могерини и Хан во Њујорк

Од:

Во рамки на 71-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан се состанаа со еврокомесарот Јоханес Хан, високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини, како и во рамките на Јадранската повелба со која годинава претседава Хрватска.

Поблиска регионална соработка и активна поддршка од членките на ЕУ и НАТО кои се наоѓаат во регионот, за целосна интеграција на земјите-кандидати, беа дел од темите за кои разговараа, соопшти МНР.

– Меѓусебната поврзаност е од особена важност за напредокот на регионот. Мора заеднo да ги урнеме стереотипите за Балканот. Државите од овој дел на Европа мора да бидат третирани како рамноправни партнери во европското семејство. Во повеќе кризни ситуации за ЕУ, истото се покажа во пракса, истакна  вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски на состанокот на иницијативата „Западен Балкан 6“.

Како што соопштуваат од МНР, на состанокот на Јадранската повелба, министрите ја реафирмираа поддршката за полноправно членство во НАТО на сите земји од групата А5. Воедно, беа истакнати националните активности во превенцијата и борбата против тероризмот и радикализмот и потребата од континуирана регионална соработка и соработка со НАТО и ЕУ на овој план. Со оваа група, Македонија ќе претседава во 2017 година.

Попоски, стои во соопштението, остварил и повеќе билатерални средби со негови колеги. Со бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов е договорено да продолжат разговорите за финализирање на Договорот за добрососедство и пријателство.  Со монголскиот министер за надворешни работи Сенд Мунк-Оргил се разговарало за реализација на иницијативи за економски олеснувања во корист на земјите без излез на море.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски