Шапуриќ: Немам никаква врска со грантот од Одбрана доделен на невладината „Мултикултура“

Од:

„Со чиста свест и совест изјавувам дека немам никаква врска со грантот од Министерството за одбрана доделен на невладината организација „Мултикултура“ од Тетово. Изјавувам уште еднаш дека не сум нејзин основач ниту член, а уште помалку дел од органите на управување на оваа невладина организација.

Во време на спроведување на предистражни постапки врз членови на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, партијата која го имаше окупирано целокупниот општествен систем и сите државни институции сеуште се служи со методи користени во времето на инквизицијата, кога беа обвинувани и осудувани недолжни граѓани без никакви аргументи.

Ширејќи ноторни лаги и невистини ВМРО-ДПМНЕ прави обид за нарушување на мојот личен интегритет и авторитет граден долги години наназад. Во мојата професионална и политичка кариера за разлика од бројни личности од ВМРО-ДПМНЕ сум работел и сеуште работам исклучиво согласно законот и моралните норми. Досега во мојот живот немам добиено ниту прекршочна пријава за сообраќаен или било каков друг прекршок.

И по втор пат наведувам дека ги повикувам сите надлежни органи и институции да го испитаат случајот во најситни детали за да се утврди вистината преку која ќе ја исчистам оваа дамка која ВМРО ДПМНЕ се обидува да ми ја постави.

Иако пред некој ден, преку соопштение јавно укажав дека немам никакво влијание ниту интерес од активностите на доделување на финансиски средства од Министерството за култура, некои новинари и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ упорно го тврдат спротивното.

Од тие причини јас сум приморан правдата да ја барам преку надлежните институции и затоа ја информирам јавноста дека деновиве ќе покренам соодветна судска постапка пред надлежни судови“, се вели во демантот на министерот Зоран Шапуриќ.

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ на Меѓународниот економски форум во Загреб

Наум Локоски

Шапуриќ во Струмица: Ќе се засилува поддршката на домашните инвестиции

Ана Ололовска

Шапуриќ: Со европските фондови до подобра животна средина

Наум Локоски

(ВИДЕО) Арсовски до Шекеринска и Шапуриќ: Фатени сте живи и нема перење од овој скандал

Ана Ололовска

Шапуриќ на меѓународна конференција за економски бенефити од управување со отпад

Наум Локоски

Министерот Шапуриќ во работна посета во Битола

Ана Ололовска