Шапуриќ се обрати на панелот „Со партнерство до подобар економски и социјален развој“

Од:

Во склоп на Меѓународна конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“на денешната панел дискусија под наслов „Со партнерство до подобар економски и социјален развој“ како претставник од Владата на Република Македонија учество зема министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ.

Се дискутираше за процесот на децентрализација во Република Македонија кој започнува во 1995 година со донесување на Законот за локална самоуправа, потоа ратификацијата на Европската повелба за локална самоуправа, и останатите подзаконски акти.

Помеѓу другото министерот Шапуриќ напомена дека некои од единиците на локалната самоуправа се соочуваат со недостаток од финансиски средства. Владата на Република Македонија обезбедува поддршка за локалните самоуправи и ќе продолжи да ги поддржува нивните проекти. Истакна дека Владата усвои Предлог-закон за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа со кој ќе се подмират делумно од долгогодишно наназад натрупаните доспеани, а неплатени обврски.

Општините и Градот Скопје согласно своите надлежности, може да влијаат како директно така и индиректно врз локалниот економски и социјален развој.

Владата ги поддржува овие напори и активно учествува во создавањето на услови за водење на бизнис, создавање економско опкружување коешто ќе отвора можности за креирање на нови работни места, како и создавање на услови за градење вештини и работна сила согласно потребите на пазарот на труд.

Исто така, Владата во континитет демонстрира заложби за подобрување на локалната бизнис клима, обезбедува директна поддршка кон локалниот и регионалниот рамномерен економски развој преку отворањето на технолошко-индустриските развојни зони, и преку поддршката на локалните самоуправи во изградба и функционирање на индустриските зони.

Министерот Шапуриќ изрази задоволство од соработката која ја остварил во изминатиот период со голем број градоначалници во промоција на мерките од Планот за економски раст на Владата пред локалните производни компании, односно запознавање со можностите и поволностите кои ги нуди Законот за финансиска поддршка на инвестициите, која соработка, преку заеднички активности би продолжила и во иднина.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен