Шапуриќ: Ќе се залагаме за подобрување на квалитетот на водата

Од:

Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на Конференцијата „Правичен пристап до води и санитација – Национални политики и Локални акциски планови“.

Во своето излагање на конференцијата тој помеѓу другото, нагласи дека право на пристап до безбедна и квалитена вода за пиење е едно од основните човекови права и дека без остварување на ова право не може да стане збор за квалитетен живот на нашите граѓани.

Во Македонија, над 90% го остваруваат ова право, но се уште има граѓани кои согласно европските стандарди немаат ваков пристап до вода за пиење, а само 18% од населението се опфатени со систем на одвод на вода.

Овие неповолни состојби не можат да се променат оддеднаш. Министерот нагласи дека во наредниот период Владата и сите државни органи, како и единиците на локалната самоуправа максимално ќе бидат посветени на подобрување на овие состојби.

Проектот кој ги презентира детално состојбите со води, дава солидна основа за преземање на натамошни мерки и активности.

Надоградување на интегрален систем на управување со води бара мултисекторски пристап и посветеност на сите засегнати страни, но и одговорност на сите нас кон рационалното користење на водните ресурси.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата