Шалтерите на ЈП „Водовод и канализација“ со ново работно време

Од:

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека согласно ситуацијата со коронавирусот и мерките на Владата и Министерството за здравство, шалтерите за наплата на сметки од денеска ќе работат со ново работно време, и тоа од понеделник до петок од 8 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот.

-ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, препораките и насоките на Владата и Министерството за здравство како и новите временски интервали за полициски час, кои се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот, воведува измени во работното време.

Теренските активности, како што информираат, ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.

-Во овој момент, со цел почитување на препораките за спречување на ширењето на КОВИД -19, ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. – Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси за физички и правни лица се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. За полесен и побрз пристап до услугите на располагање е и мобилната апликација на претпријатието, веќе достапна за Android и IOS, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Оттаму посочуваат дека за секоја дополнителна информација за услугите на претпријатието, заинтересираните граѓани може да се обратат на 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар: 02 3240 300, Дирекција: [email protected]www.vodovod-skopje.com.mkwww.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Би можело да ве интересира

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“

ССМ: Директорот на Водовод продолжува со своето шерифско однесување, незаконски му даде отказ на претседателот на Син­дикатот

Ана Ололовска