Шаленберг: Австрија поддржува отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Од:

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој престојува во официјална посета на Тирана изјави дека неговата земја го подржува отпочнувањето преговори на Северна Македонија и на Албанија со ЕУ.

-Позицијата на Австрија е многу јасна, сакаме да се запали зелено светло за преговорите со Албанија и Северна Македонија, рече тој на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, Гент Цакај, овластен мнистер за Европа и надворешни работи.

Кога станува збор за Албанија Шаленберг додаде дека албанските азиланти и понатаму се проблем за Франција, што е „повторлива карактеристика во разговорите со француските колеги“

Цакај, истакна дека „Албанија ги исполни сите услови за почеток на прстапните преговорите“, посочувајќи дека Владата „интензивно се ангажира да обезбеди гласови за“.

-Не се плашам од гласовите против, туку сум посветен да обезбедам гласови за, рече Цакај.

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот